Албанскиот премиер Еди Рама ја помина ноќта во Светата и Велика Ватопедска обител за време на неговата посета на Света Гора, каде што се сретна со игуменот, старец Ефрем Ватопедски, и со Ватопедското братство.
Рама на 16 септември пристигнал рано наутро на пристаништето Дафни, по што остварил средба со граѓанскиот управител на Света Гора, Алкивијадис Стефанис. Потоа се упатил кон Ватопедската обител.
За време на престојот, албанскиот премиер го изразил своето восхитување од архитектурата на манастирот и од неговото сликарство, при што се осврнал и на духовното и културното наследство на Света Гора.
Рама, кој и самиот е уметник, рекол дека е силно импресиониран од она што го видел во Ватопедската обител. Тој истакнал и дека е запознаен со Светогорската Филокалија и со преданието на Света Гора.
По ноќевањето во Ватопед, Еди Рама ја напуштил Света Гора утрото на 17 септември.

