Раководителот на Подворјето на Руската Православна Црква во Софија, протоереј Владимир Тишчук, учествуваше во свеченостите што Бугарската Православна Црква ги организираше по повод 1700 години од пронаоѓањето на Чесниот и Животворен Крст Господов, пишува РИА Новости.
Тишчук беше дел од литијата во Софија на која беше пренесена честичка од Чесниот и Животворен Крст Господов од храмот „Воздвижение на Чесниот Крст“ до Патријаршиската соборна црква „Свети Александар Невски“.
Литијата ја предводеше бугарскиот патријарх и софиски митрополит Даниил, а во неа учествуваа и архијереи на Бугарската Православна Црква, свештенство и верници.
По пристигнувањето во соборниот храм, епископот Мелнишки Герасим, главен секретар на Светиот Синод на БПЦ, отслужи бдение во сослужение на протоереј Владимир Тишчук и свештенството на Софиската митрополија.
Бугарската Православна Црква со овие свечености одбележа 1700 години од настанот кој, според црковното предание, се случил во 326 година, кога во Ерусалим бил пронајден Крстот на кој бил распнат Христос.

