Патријарх Кирил: Сопрузите треба да ги одвраќаат сопругите од абортус

Date:

Share post:

Сопрузите треба активно да ги поддржат своите жени и да ги одвраќаат од одлука за абортус, порача московскиот и на цела Русија патријарх Кирил, обраќајќи се во Московската градска дума, пренесува РИА Новости.

Кирил посочи дека мажите можат поефикасно да влијаат врз одлуката на сопругата, особено доколку причините за абортусот се поврзани со материјалните или станбените услови.

„Многу сопрузи заземаат положба и би можеле поефикасно да ја поддржат својата сопруга, да ја замолат да не го направи она што размислува да го направи, да ѝ објаснат“, рече патријархот Кирил.

Тој додаде дека доколку жената како причина ги наведува скромните услови за живеење или ниските примања, сопругот треба да вети дека ќе работи на нивно подобрување и да ја повика да го зачува детето.

Според патријархот Кирил, одговорноста за животот на детето е и пред Бога, додека абортусот претставува „страшен грев“ за кој, како што рече, човек треба да се покае и да го искупува со добри дела.

Кирил воедно ја поврза темата со демографската состојба во Русија, посочувајќи дека земјата се протега од Балтичкото до Тихиот Океан, но има недостиг од население.

„Разбирам дека овие геополитички аргументи најмалку можат да влијаат врз жената која донесува таква одлука“, рече тој, но оцени дека сопрузите можат да имаат непосредна улога во поддршката на своите сопруги.

Патријархот Кирил наведе дека во Русија годишно „стотици илјади деца го губат животот“ како последица на абортуси, оценувајќи дека станува збор за статистика што, според него, не е измислена.

Според податоците на руското Министерство за здравство, на кои се повикува „Комерсант“, во 2025 година во Русија биле регистрирани околу 321.000 прекини на бременоста, што е за 5 проценти помалку од претходната година. Медицинските абортуси по желба на жената биле намалени за 9,9 проценти, на околу 120.600 случаи.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img