Протопрезвитер Миле Велјановски одликуван со право на носење граден крст во Минхен

Date:

Share post:

Парохискиот свештеник на Македонската православна црковна општина „Света Троица“ во Минхен, протопрезвитер Миле Велјановски, е одликуван со право на носење граден крст, по одлука на Светиот Архиерејски Синод на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија.

Одликувањето му беше врачено вчера, за време на Светата Архиерејска Литургија во храмот „Света Троица“ во Минхен, од страна на митрополитот Европски Пимен, кој чиноначалствуваше со богослужбата.

Во сослужение на парохискиот свештеник отец Миле, митрополитот Пимен служеше во присуство на бројно македонско православно верно множество од Минхен и околните места.

Одликувањето на протопрезвитерот Велјановски е признание за неговата долгогодишна пастирска служба, како и за трудот и посветеноста во животот на македонската православна заедница во Минхен.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img