Во селото Согле, општина Чашка, денеска беше извршено осветување на новоизградениот храм „Свети великомаченик Пантелејмон“.
Чинот на осветувањето беше извршен со благослов на митрополитот Агатангел, а го извршија свештеници од Велес. По осветувањето беше отслужена и првата Света Божествена Литургија во новоосветениот храм.
Со осветувањето на храмот, верниците од Согле добија нов духовен дом, посветен на Свети Пантелејмон, еден од најпочитуваните христијански светители и исцелители.
На богослужбата присуствуваа жители на селото и верници од околните места, кои заеднички го одбележаа овој значаен ден за црковниот живот во Повардарската епархија.





