Патријархот Порфириј повторно даруваше крв и ги повика верниците да се приклучат на хуманитарните акции

Date:

Share post:

Српскиот патријарх Порфириј и годинава се приклучи на акцијата за доброволно дарување крв, организирана по повод празникот на светите апостоли Петар и Павле – Петровден.

Акцијата се одржа на 12 јули во Парохискиот дом при храмот „Свети Сава“ во белградската населба Врачар, во организација на Институтот за трансфузија на крв на Србија, во соработка со Српската православна црква.

Од Српската православна црква информираат дека патријархот Порфириј е редовен учесник во ваквите хуманитарни акции и дека со својот личен пример ги охрабрува граѓаните да даруваат крв.

Воедно, тој упати повик до верниот народ секогаш да ги поддржува акциите за доброволно дарување крв, истакнувајќи ја нивната хуманост и значење за спасување човечки животи.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img