Осветен спомен-крст во Кочани во чест на жртвите од пожарот во „Пулс“

Date:

Share post:

Во Кочани беше осветен новопоставен спомен-крст во близина на местото каде што на 16 март 2025 година се случи трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, во кој загинаа десетици млади луѓе.

Чинот на осветувањето го изврши митрополитот Брегалнички Иларион, во сослужение со свештеници од Кочанското архиерејско намесништво.

Крстот е поставен како траен спомен на настраданите во трагедијата и, според Брегалничката епархија, претставува симбол на победата над смртта и злото, но и потсетник на болката што ја преживеа Кочани.

По осветувањето, митрополитот Иларион отслужи помен за покој на душите на загинатите во пожарот, а упати и молитви за здравје и закрепнување на повредените, како и за утеха и сила на нивните семејства.

На настанот присуствуваа семејствата на жртвите, голем број граѓани и верници, како и градоначалникот на Кочани, Владко Грозданов, кои со заедничка молитва им оддадоа почит на загинатите.

Новопоставениот спомен-крст се наоѓа кај кружниот тек во близина на локалитетот „Национал“ и ќе остане место за молитва, сеќавање и оддавање почит на жртвите од една од најтешките трагедии во поновата историја на градот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img