Орден „Свети Сава“ од СПЦ за истражна судијка што го негира случајот „Рачак“

Date:

Share post:

Српскиот патријарх г. Порфириј на 30 јуни во Патријаршискиот двор во Белград ѝ го врачи Орденот „Свети Сава“ од втор степен на поранешната истражна судијка Даница Маринковиќ, во знак на признание за нејзиното долгорочно залагање за вистината и правдата, како и за нејзиниот придонес во, како што наведува Српската Православна Црква, расветлувањето на настаните во селото Рачак од 1999 година.

Во одлуката на Светиот архијерејски синод се истакнува дека одликувањето се доделува за нејзиното ангажирање во, како што се наведува, „откривање на вистината за случајот Рачак“, кој во меѓународната јавност е опишуван како масакр над албански цивили и кој беше еден од клучните настани пред НАТО-бомбардирањето на СР Југославија во 1999 година.

Даница Маринковиќ, која во тоа време беше истражен судија на Окружниот суд во Приштина и раководеше со увидот по настаните во Рачак, во повеќе наврати во јавноста и пред меѓународни институции ги изнесуваше своите ставови за случајот, останувајќи доследна на сопствената верзија на настаните и покрај, како што е наведувано, притисоци и закани.

На свеченоста во Белград присуствуваа и членови на Светиот архијерејски синод на Српската Православна Црква, меѓу кои митрополитот шумадиски Јован и митрополитот тимочки Иларион, како и други црковни претставници.

Во своето обраќање, патријархот Порфириј истакна дека одликувањето претставува израз на благодарност за нејзината истрајност и, како што рече, „љубов кон вистината и правдата“.

Маринковиќ, заблагодарувајќи се за орденот, порача дека наградата ја доживува како потврда дека нејзината работа била исправна и дека никогаш не се откажала од, како што наведе, „сведочењето на вистината“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img