Делегација на Фанар кај Ердоган

Date:

Share post:

Делегација на Вселенската патријаршија, предводена од патријархот Вартоломеј била на средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Анкара. Главна тема, спред соопштението на Фанар, биле односите меѓу турската држава и Вселенската патријаршија.

Покрај Вартоломеј, во делегацијата бил и митрополит Емануил Халкидонски и епископот Касијан Арабиски, игумен на Светотроичниот манастир на Халки.

-Вселенскиот патријарх ја изрази својата благодарност до претседателот за можноста во срдечна атмосфера да разговараат за прашања што се однесуваат на Вселенската патријаршија и на грчката православна заедница.Особено внимание беше посветено на Светата богословска школа на Халки и на перспективите за нејзино повторно отворање во рамките на дијалогот што е започнат меѓу Министерството за национално образование, Советот за високо образование  и Вселенската патријаршија, стои во соопштението.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img