Телефонски разговор меѓу Вселенскиот патријарх и поглаварот на Православната црква на Украина

Date:

Share post:

Вселенскиот патријарх Вартоломеј телефонски разговарал со Епифаниј, митрополитот на Киев, по ноќниот напад од Русија врз Киев, каде беше погодена и Киевската лавра.

Вартоломеј, како што соопшти Вселенската патријаршија му соопштил на Епифаниј дека „со длабока тага и разочарување дозна за неприфатливиот и сквернавејќи ракетен напад на Руската Федерација врз историската Киево-Печерска лавра, кој го осудува, како што го осудува и секој друг сличен напад врз свети и значајни споменици од заедничкото верско и културно наследство на христијанството.“

-Ниту еден разумен човек, ниту пак какво било оправдување, не може да го оправда овој варварски и разурнувачки напад врз свето поклоничко место, какво што е прочуената Киево-Печерска лавра, со нејзината долга историја и традиција, која претставува споменик на националното наследство под заштита на УНЕСКО, стои во соопштението на ВП.

Вартоломеј изразил сочувство до семејствата на жртвите и до повредените во нападот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img