МПЦ-ОА и СПЦ заеднички ја славеа Света Стефанида Скадарска и Битолска

Date:

Share post:

Архиепископот Цетињски и mитрополит Црногорско-Приморски Јоаникиј од Српската Православна Црква, бил гостин на владиката Петар со кого заедно го прославле денот на новата светителка Стефанида Скадарска и Битолска. Богослужбите биле во манастирот Слепче кај Демор Хисар, каде Јоаникј служел вечерна богослужба во молитвено присуство на митрополитот Петар.

Јоаникиј, Петар и Климент на 7 јуни, во манастирот „Свети Јован Крстител“ во селото Слепче кај Демир Хисар, служееле света Литургија.

Како што објави Црногорско-приморската епархија, митрополитот Петар со радост го пречекал својот долгогодише  пријател и дека неговото присуство и учество во светата Литургија, како и причестувањето од една чаша, му причинуваат голема радост.

„Има ли поголема радост од тоа, кога сето ова го правиме во заедница, во заедничарење со нашите браќа, со Неговото високопреосвештенство, Архиепископот Цетињски и Митрополит Црногорско-приморски г. Јоаникиј? Добредојдовте и чувствувајте се како свој меѓу своите“ – рече Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, објави митрополијата од Цетиње.

„Ние сме едно во нашата света вера, во Божјата љубов и во молитвата, но сме едно и во духовна и во културна смисла. Еден народ, новиот Божји Израил, една и неделива Божја Црква. Сите со своите особености, со своите јазици и обичаи, но по дух, чувство и мисла, во нашата света вера сме едно во Христа Исуса, нашиот Господ. Тоа единство низ вековите го потврдуваа светите браќа Кирил и Методиј и нивните ученици Климент и Наум, па сѐ до денес. Еве и света Стефанида Скадарска и Битолска нѐ поврзува. Таа нѐ поврзува и нас во Црна Гора, бидејќи често доаѓала во Острошката светиња за да им се поклони на моштите на свети Василиј Острошки и да ги слушне поуките на големиот подвижник на 20 век, преподобниот Симеон Дајбабски. Треба да се истакне дека таа, во таа смисла, сигурно била негов следбеник, но и следбеник на светиот владика Николај и на човекот со свет живот Виктор, Епископот Скадарски, кој заедно со народот избегал во Метохија, истакнал Јоаникиј.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img