Порфириј: „Пресвета Богородице спаси студенте“

Date:

Share post:

Изминативе денови во Србија, во Белград беше појасот на Пресвета Богородица, донесен од Света Гора.

ФОТО: СПЦ

Неколку денови пред црквата Свети Сава на Врачар, верници од цела Србија и од регионот во редици чекаа да се поклонат на оваа значајна реликвија на Православната црква.

Српскиот патријарх Порфириј, неколки дена навечер поминуваше покрај верниците кои чекаа во редови. На едно видео објавено на социјалните мрежи се гледа како Порфириј е затечен во герила акција. Додека Порфириј им објаснува на верниците за молитвата на Пресвета Богородица, од публиката женски глас довикнува: „Пресвете Богородице спаси студенте“.. На што Порфириј одговара „Спаси студенте“.

Српските поддржувачи на студентите се критичари на Српскиот патријарх, откако тој во Москва, на средбата со Рускиот патријарх Кирил ги нарече „обоена револуција“, а дополнително го санкционираше Жичкиот владика Јустин, дело за кое во Србија се тврди дека е покренато од СПЦ затоа што Јустин им ги отвори вратите на манастирот за студентите.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img