Папата навива за Реал Мадрид

Date:

Share post:

Папата Лав XIV. денеска за време на летот што го донесе во Шпанија за почетокот на повеќедневната посета, рече дека тој лично е „навивач на Реал Мадрид“.

ФОТО: Vaticannews

Во опуштен разговор со новинарите што го придружуваа во папскиот авион, Светиот Отец, се пошегува за фудбалот и без двоумење ги откри своите симпатии.

Кога беше директно прашан за неговите преференции помеѓу Реал Мадрид и Барселона, тој хумористично одговори: „Тоа е лесно… папата е за сите тимови, но Роберт Превост е за Реал Мадрид!“, осврнувајќи се на неговото име.

Ова необично признание брзо стана главна вест, моментално засенувајќи го официјалниот протокол на посетата која, по Мадрид, ќе го однесе во Барселона, Гран Канарија и Тенерифе.

Неговото пристигнување во Шпанија е исклучително важно бидејќи ова е негова прва посета на земја од Европската Унија надвор од Италија откако беше избран за поглавар на Католичката црква.

Протоколот вклучува средби на највисоко ниво, вклучувајќи средби со шпанскиот крал Фелипе VI и кралицата Летиција и премиерот Педро Санчез.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img