Македонската православна Бигословија – средното училиште, го распиша Конкурсот за упис на нови ученици.
Молбите за прием се поднесуваат преку парохискиот свештеник и надлежниот архиереј до Управата на богословијата. Приемниот испит ќе се одржи на 19.06.2026 година (петок), со почеток од 09.00 часот.
Според Конкурсот, кандидатите треба да ги исполнуваат усовите за завршено основно образование; да имаат основно познавање на Православието; да се телесно и душевно здрави; да не се постари од 18 години; и да не се женети.
За упис има приемен испит кој се состои од писмена работа и тест по македонски јазик и литература и испит по пеење.
-Тестот по македонски јазик ќе го опфати материјалот од граматика и литература, а писмената работа ќе биде на тема од литературата или од лектирите од 5-то до 9-то одделение. Испитот по пеење се состои од проверка на музичките способности на кандидатите преку пеење на музичката скала и песни. Kандидатите кои нема да освојат минимум 60 бодови, се смета дека не го положиле приемниот испит и нема да бидат рангирани. По потреба, ќе се спроведе и втор приемен испит кон крајот на јуни, стои во Конкурсот.
При упис, кандидатите треба да приложат, свидетелство за свето крштение; свидетелства од 5-то до 9-то одделение; благослов од надлежниот архиереј; уверение од парохискиот свештеник за подобност на кандидатот за свештенички чин; лекарска потврда; писмена согласност од родителите дека кандидатот може да учи во богословијата и обврска од нив дека редовно ќе ги подмируваат интернатските трошоци доколку ученикот не е стипендист.
-За полагање на приемниот испит кандидатите се должни да уплатат 1500 денари кај секретарот на богословијата, најдоцна до денот пред полагањето на приемниот испит. Ќе бидат примени најмногу по тројца кандидати од секоја епархија. Упис на вонредни ученици не се одобрува, стои во Конкурсот објавен од управата на Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“.
