Здружението Моќната Ванѓа, кое е формирано со цел да го промовира ликот на Ванѓелија Сурчева Гуштерова, позната како Баба Банѓа, како Македонка, денеска одбележува една година од постоењето.
Членовите кои се Македонци од Бугарија и од Македонија, велат дека врвен приоритет оваа врора година им е да обезбедат реализиација на нивната идеја за оплеменување на местото во Ново Село Струмичко, каде Ванѓа како млада девојка ослепила. Станува збор за озбележување на местото, кое сега носи име „Чешмата на Баба Ванѓа“ и кое според идејата на членовите на Здружението треба да биде претворено во атрактивна туристичка дсестинација.
Станува збор за земјиште кое сега е сопственост на државата, а двете катастерски парцели оформиѕваат простор од околу 4300 м2. Здружението има идеја, во соработка со локалните власти овде на изгради музејска поставка, со цел привлекување туристи.
Просторот каде сега е Чешмата се наоѓа на крајот од селото Ново Село, во непосредна близина на магистралниот пат. Изминативе години Општина Ново Село го има уредено просторот околу чешмата, градејќи настрешница, патеки и летниковци, но идејата на Здружението е тој простор да добие поголема видливост и значење.
Тие веќе стапиле во контакт со општината и очекуваат позитивнен исход за сработка.
Инаку според приказната, Вангелија Пандева на 12 години на ведро време ја подигнал силен ветер и ја носел неколку метри, сѐ до местото каде што денес се наоѓа чешмата. Преживеала, но ослепила.
