Ова ќе биде еден од моите најкратки текстови. Затоа што оној што не разбира од два јасни збора, нема да разбере ниту од дваесет тома напишани книги.
Пишува: Архимандрит Никанор
Јеромонахот Серафим Роуз никогаш евхаристиски и канонски не ѝ припаѓал на Источно-православната црква!
Тој ги обвинувал апсолутно сите помесни православни цркви за отстапување од Православието и ги сметал за еретички — едни биле западнати во „ереста на екуменизмот“, други — во „ереста на сергијанството“, а трети — и во двете.
Јеромонахот Серафим Роуз е дел од таканаречената Вистинска-православна црква, која по сè наликува на Источно-православната, но е посебна, новонастаната (тие би рекле спротивното) верска заедница. Поради тоа, за време на својот живот тој никогаш не би се соединил со Московската патријаршија, а камоли да ја поднесе мислата таа некогаш да го канонизира.
Вистински-православната црква, во лицето на Руската православна црква зад граница (РПЦЗ) под омофорот на митрополитот Агафангел Пашковски, одамна го има прославено во ликот на своите светители.
Да се прославува јеромонахот Серафим Роуз за светител од страна на Московската патријаршија е исто толку нелогично, колку што би било папата да го канонизира Марко Ефески!
Некои велат: „Но, тој имал голема љубов кон Христа.“ Голема љубов кон Христа имал и Франциск Асишки — тогаш зошто и него да не го канонизира Православната црква?
И како тоа таа негова љубов кон Христа го одвела ДАЛЕКУ од Христовата Црква?
Може ли некој да одговори на тоа прашање!?
Затоа што јеромонахот Серафим Роуз починал надвор од Црквата — во таканаречениот „старостилен раскол“.


Со почит кон отецот ама не гледам аргументи. Целиот текст е полн со емоционални апели. Кога се вадат вакви сериозни тврдења редно е да се поткрепат со факти.