Хрватската полиција го привела напаѓачот на црквата на СПЦ

Date:

Share post:

Загребската полиција поднесе кривична пријава против 49-годишен маж под сомнение за сторено злосторство од омраза. Под дејство на алкохол го оштетил соборниот храм на Српската православна црква во центарот на Загреб, соопшти полицијата.

Утврдено е дека на 23 април, околу 2 часот наутро, осомничениот дошол во православната црква на Цветен плоштад, каде што со алатка скршил четири парчиња ѕидно осветлување на влезните скали и витраж над влезната врата.

Во изјавата се наведува дека тој свиткал две камери за видео надзор, фрлил четири столчиња од терасите на блиските ресторани, расфрлал цвеќе пред влезната врата на црквата и црево за наводнување.

Потоа полицијата го забележала околу 2:50 часот наутро на блиската улица „Илица“ додека носел канта за ѓубре со намера да ја испразни пред црквата. Викал и користел говор на омраза, соопшти загрепската полиција.

Во соопштението се додава дека имал ниво на алкохол во крвта од 1,39 промили.

Министерот за полиција, Давор Божиновиќ, претходно изјави дека таквото однесување нема да се толерира во хрватското општество и дека полицијата го идентификувала сторителот преку брза интервенција, пренесе „Бета“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img