-Kога зборуваме за соработка на народите кои се православни, како што е случајот во овој момент со соработката на рускиот и српскиот народ, ние зборуваме за една Црква и за една вера, всушност зборуваме за еден народ. Сите народи во рамките на Православната црква сочинуваат еден и единствен народ, го сочинуваат Телото Христово. Во таа смисла и српскиот народ и рускиот народ се дел од истиот народ. Притоа, и историјата на нашите два народа покажува дека токму затоа што сме една Црква, што имаме една вера, што сме едноверен народ, ние историски сме и суштински еден народ; изјавил Српскиот патријарх Порфириј, на свеченото отворање на Почесниот конзулат на Руската Федерација во Нови Сад.
Поздравувајќи ги присутните претставници на Србија и Русија, Порфириј нагласил дека Православната црква е една и единствена и дека многу народи во неа, преку заедницата со Бог, се и заедница меѓу себе:
– Соработката меѓу двата народа подразбира исто дело, исто сведоштво – сведоштво на љубов кон Бог и сведоштво на љубов кон човекот како смисла на нашето постоење. Од тоа двојно сведоштво произлегува сè она што сме, што е потврдено низ историјата, што нè обврзува денес и што е гаранција за иднината. По тој повод, во име на сите присутни му честитам на г. Душан Бајатовиќ, почесен конзул на Руската Федерација во Нови Сад – заклучи српскиот патријарх Порфириј.
На отварањето на конзултатот присуствувале и митрополити сремски Василиј и бачки Иринеј, како и викарните епископи ремезијански Стефан и мохачки Дамаскин.

