Во текот на ноќта меѓу 22 и 23 април, непознати сторители, извршил вандалски напад врз Соборниот храм на СПЦ во центарот на Загреб, фрлајќи столици и инвентар од блиските кафулиња врз вратите и оградата на црквата. Скршен бил витраж стар повеќе од еден век, кој преживеал бројни војни.
Претседателот на СДСС, Милорад Пуповац, во изјава за српските медиуми, го оцени овој напад како „застрашувачки“, предупредувајќи дека континуираната медиумска демонизација на Српска православна црква во Хрватска директно генерира вакво насилство на улиците.
-Овој инцидент не може да се гледа изолирано, бидејќи доаѓа во момент кога во хрватскиот јавен простор сè поагресивно се промовира идејата за оживување на т.н. Хрватска православна црква (ХПЦ) – озлогласена парацрковна творба која во 1942 година ја основал Анте Павелиќ. Пратеници од екстремно десничарски партии во Саборот, пред сè од редовите на Домовинското движење (коалициски партнер на владејачкиот ХДЗ) и поединци од Мост, денес отворено се залагаат за забрана на дејствувањето на СПЦ и одземање на нејзините вековни манастири и храмови. Во исто време, зачестеното сквернавење и отстранување на православни крстови од гробиштата јасно укажува на дел од поширок, монструозен план за „хумано“ бришење на историјата и секој траг од постоењето на Србите на овие простори, пишуваат српските медиуми.
Потсетуваат дека нападот врз храмот Преображение Господово е застрашувачка порака до преостанатите Срби во Хрватска дека повеќе не се безбедни ниту во своите светињи, ниту пред олтарот.
-Сè додека официјален Загреб благонаклоно гледа на рехабилитацијата на усташките идеи и на проектот на т.н. ХПЦ, храмовите на Српската православна црква ќе бидат легитимна мета на екстремисти и вандали. Хрватските институции имаат историска одговорност да го запрат овој опасен бран на омраза и нетолеранција пред да прерасне во трагедија со несогледливи последици за опстанокот на српскиот народ, пишуваат медиумите во Србија.

