По жестоките критики, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нареди да му се дозволи пристап до Црквата на Светиот Гроб во Ерусалим на највисокиот претставник на Католичката црква во Светата земја.
Тој ги задолжил надлежните органи да му обезбедат на латинскиот патријарх, кардинал Пјербатиста Пицабала „неограничен и непосреден пристап“ до Црквата на Светиот Гроб, напиша Нетанјаху во ноќта кон понеделник на платформата X.
Пицабала во неделата беше спречен од израелската полиција да влезе во Црквата на Светиот Гроб во Стариот град на Ерусалим во Израел.
Италијанецот сакал да ја служи традиционалната литургија за Цветници во црквата, но бил запрен од израелски полицајци и замолен да се повлече, соопшти Латинската патријаршија на Ерусалим.
Инцидентот го опиша како „сериозен преседан“.

