Владата на Србија одобри 118 милиони динари, односно околу еден милион евра, како парична помош за Епархија бихаќко-петровачка во Босна и Херцеговина, чиј епископ Сергеј минатиот месец му го врачи Орденот на новомачениците бихаќко-петровачки на претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Епископот бихаќко-петровачки му го врачи орденот на Вучиќ на 9 февруари „за покажано добротворство и голема љубов кон таа епархија и манастирот Рмањ“.
Епископот Сергеј е познат по честиот додворувачки однос кон Вучиќ, а орденот со кој го одликуваше претседателот на Србија е само кулминација на таквиот однос, пишуваат српските медиуми.
Неделникот време во анализа, посочува на текст од почетокот на 2023 година, објавен на веб-страницата на Епархијата бихаќко-петровачка, во кој епископот му се додворува на претседателот на Србија со зборови на кои би можеле да му позавидат и најистакнатите апологети на режимот. Епископот Сергеј во текстот најнапред се прашува кој го „проколнал“ Александар Вучиќ „покрај сите притисоци од западните и источните страни.
Време потсетува и на периодот од крајот на 2020 година, кога епископот Сергеј се обиде да го одбрани Вучиќ од нападите, потсетувајќи на инцидентот во Сребреница во 2015 година, кога кон Вучиќ летаа камења. Во истиот текст отиде дотаму што директно го спореди со Исус Христос:
„Додека го распнуваат Александар Вучиќ, знам дека сме тргнале по добар пат, дека ни оди, дека сме таму каде што треба да бидеме. Кога ќе замолчат, ќе знам дека не е како што треба, дека исчезнуваме и дека нема да нè има. Вучиќевото распетие е наше воскресение“, напиша епископот Сергеј кон крајот на 2020 година.
Српските медиуми посочуваат дека Сергеј сосема легитимни си ја заслужил донацијата од српската влада.

