Пимен се врати во Струмичката епархија

Date:

Share post:

Европскиот митрополит Пимен дел од велигденските пости најверојтно ги минува во некои од манастирите на Струмичката епархија.

Тоа може да се заклучи од информациите објавени од Струмичката епархија, каде се гледа дека отец Пимен од почетокот на постот служел три литургии во црквите и манастирите на оваа епархија.

Вчера, на првата недела од Великиот пост, Пимен служел во манастирот на Светите Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици во Струмица, заедно со викарниот епископ Стобиски Јаков.

Ден претходно на Тодорова сабота, митрополитот Европски Пимен отслужил Литургија во манастирот на Свети Антониј Велики и Свети вмч. Георгиј Победоносец во Ново Село, во молитвено присуство на викарниот епископ Стобиски Јаков.

Во истиот манастир Пимен отслужил Литургија и во средата на 25.02.2026 година, исто во молитвено присуство на викарниот епископ Стобиски Јаков.

За потсетсување, мирополитот Пимен својот монашки живот го почна токму во оваа епархија, каде беше и игумен на Водочкиот манастир.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img