Бугарскиот патријарх со нова скадалозна изјава предизвика гнев во Бугарија

Date:

Share post:

Бугарскиот патријах Даниил ја коментираше кризата на Блискиот Исток, велејќи дека е ужасно кога човек убива други луѓе, со што го привлече гневот на бугарското општество.

„Бог да го даде Својот мир во душите на луѓето и да увидиме колку е ужасно тоа кога човек се крева против човек, кога човек убива други луѓе, изјави Даниил, патријарх Бугарски и митрополит Софиски.

Оваа изјава во бугарската јавност беше протолкувана како напад врз САД и поддршка на иранскиот режим.

Политичкиот аналитилар Владимир Владимиров, на Фејсбук напиша дека оваа изјава на Бугарскиот патријарх е срамна.

-Таканаречениот бугарски патријарх се загрижил за режимот на ајатоласите, кои се светски спонзори на шиитскиот исламски фундаментализам и тероризам!?!? НО да каже нешто за нашите православни браќа Украинци, кои секојдневно се убивани од московската сатрапија – ниту збор!!! Циничен, злобен и прост човечец… Срамота!, напиша Владимиров на фејсбук.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img