Претседателката Гордана Силјановска Давкова беше дел од гостите на ифратската вечера што ја организиара поглаварот на ИВЗ, Шаќир Фетаи. Покрај Силјановска Давкова гостин беше и преседателот на Собранието, Арим Гаши, скопскиот градоначланик Орце Ѓорѓиевски и директорката на Комисијата за односи со верските заедници, Оливера Трајковска.
Меѓу гостите беше и Билал Касами, министри и заменици-министри, претседатели на политички партии, градоначалници, амбасадори, ректори на универзитети, како и бројни личности од општествениот и граѓанскиот живот.
МПЦ-ОА ја перетставуваше Тетовско-гостиварскиот митрополит Јосиф, а од Католичката црква дојде Бискупот Киро Стојанов.
Езанот за ифтар го повика директорот на Дијаспората при Исламската верска заедница, Мафиз Рустеми, додека програмата ја отвори директорот на Секторот за наука, култура и исламски изданија, Мусанеф Руфати.
Во своето поздравно обраќање, Поглаварот на ИВЗ им посака добредојде на гостите и лесен пост, нагласувајќи дека Рамазан е месец на размислување, приближување и заедничка одговорност. Тој ја истакна важноста на единството, толеранцијата и соживотот како темелни вредности за стабилноста и перспективата на земјата.










