Ватикан нема да учествува во Советот за мир на Трамп

Date:

Share post:

Светиот Престол нема да учествува во Советот за мир, поради неговата специфична природа, која не е споредлива со онаа на другите држави. Ова го изјави државниот секретар на Ватикан, кардинал Пјетро Паролин, на маргините на билатералната средба со италијанската влада во Рим.

Средбата се одржа во Палацо Боромео, седиштето на Амбасадата на Италија при Светиот Престол, по повод годишнината од потпишувањето на Латеранските договори, во присуство и на претседателот на Италија, Серџо Матарела.

Одговарајќи на прашања од новинарите во врска со учеството на Италија како набљудувач во Советот за мир, кардинал Паролин посочи дека постојат одредени критични моменти што оставаат простор за недоразбирање и кои, според него, бараат дополнително појаснување. Тој нагласи дека е важно да се направи обид за изнаоѓање одговор, но додаде дека од перспектива на Ватикан постојат прашања што треба да бидат разгледани.

Една од загриженостите, како што истакна, се однесува на улогата на Обединетите нации, коинтреба да имаат водечка позиција во управувањето со меѓународните кризни ситуации.

Кардинал Паролин се осврна и на војната во Украина, во пресрет на четвртата годишнина од почетокот на конфликтот, одбележана со нови напади врз енергетската инфраструктура во Киев и други градови. Тој изрази песимизам во однос на изгледите за напредок кон мир, оценувајќи дека по четири години конфликт не се забележуваат значајни придвижувања во преговорите.

Воедно, државниот секретар на Ватикан говореше и за добрите односи со италијанската влада, нагласувајќи дека на средбата била изразена благодарност за вниманието посветено на прашања од социјален карактер. Меѓу нив ги наведе темите поврзани со поддршката на семејството, образованието, лицата со попреченост и состојбата во затворите, при што, како што истакна, бил постигнат напредок во рамките на заедничките работни групи со Италијанската епископска конференција.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img