Полицијата приведе имам од струшко – дома му пронашла марихуана и куршуми

Date:

Share post:

МВР соопшти дека про претрес во струшкото село Подгорци, вчера утрото го лишила од слобода Д.Р.(28) од истото село. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и куршуми различен калибар.

Порталот Тетова1.мк, пак објави дека станува збор за имамот Демир Равмановски, кој бил ангажиран како имам во селото Долгожда од страна на Муфтиството на Струга.

-По неговото именување од страна на муфтиството како редовен имам, муфтијата Ади Муртиши го посетил на 16.01.2026 година, како што може да се види и од заедничката објава на Фејсбук-страницата на Муфтиството. Муфтиството на Струга, иако имало информации за ваквите активности на имамот, го именувало на функцијата, иако лицето имало претходни обвиненија и дури било осудено на затворска казна, пишува Тетова1.

Од ИВЗ пак велат дека посоченото лице немало работен однос со муфтиството во Струга. Дополнително посочуваат дека како верска институција се строго протов вакви појави и секој кој се огрешил пред законот треба да одговара.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img