Македонската православна црква го одбележа денот посветен на Светите Тројца јерарси и големи учители: Св. Василиј Велики, Св. Григориј Богослов и Св. Јован Златоуст; со литургии и сослужувања меѓу владиицте. Архиепископот Стефан, во сослужение на Митрополитот Брегалнички Иларион и Митрополитот Тетовско-гостиварски Јосиф, чиноначалствуваше со Литургијата во храмот посветен на Светите Тројца Јерарси, во н. Аеродром, Скопје.
Во храмот „Свето Благовештение“ во Прилеп сослужуваа Митрополитот Преспанско-пелагониски Петар, и двајцата викарни епископи во Епархијата, Хераклејски Климент и Велички Никола.
Епископот дремвитски Давид началствуваше на Литургијата во храмот „Св. Наум Охридски“ во Делчево, на покана и во сослужение на надлежниот архиереј, Епископот делчевско-каменички Марко.
Во манастирот Свети Климент и Пантелејмон на Плаошник, за празнувањето на Светите Три Ерарси, служеа митрополит Дебарско-кичевски Георгиј и митрополит Европски Пимен.

