Како изгубен Германец заврши во потонатата црква во Маврово?! ВИДЕО

Date:

Share post:

Роден во Фрајбург на Брајсгау, Германија, а со срце веќе неколку години во Македонија – Финн Ватчов е пример како љубовта кон една земја може да се раскаже преку кратки, искрени и автентични видеа. Како менаџер за маркетинг на социјалните медиуми, Финн често споделува содржини од местата што ги посетува низ Македонија, препорачува дестинации, зборува за секојдневието и покажува како изгледа животот тука низ очите на странец што ја чувствува земјата како дом.

Во неговото најново видео, сцената е зимска и сурово убава. Снег, мраз и патики – комбинација што резултирала со три падови за само два дена. Но, наместо поплаки, Финн нуди искрена препорака: Маврово мора да се доживее. Особено Потонатата црква Свети Никола, мистичното обележје што со години ја буди љубопитноста на посетителите.

„Два дена во Маврово и паднав три пати на мразот со патики, ама сѐ е добро – мора да ја посетите потонатата црква таму“, напиша тој под видеото, со леснотија што уште повеќе ја доближува Македонија до неговата публика.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Finn Wattchow (@finnmacedonia)

/Женски Магазин

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here