БИРН: Москва, Вратоломеј и црногорската автокефалија

Date:

Share post:

Руските разузнавачки информации за нова автокефалност на Балканот и состојбите во Црна Гора, се дел од последната анализа на Андреја Богдановски, напишана за БИРН.

Во нејзе, Богдановски пренесува ставови на експетри и на претставници на Црногорската православна црква, околу последните препукувања меѓу Москва и Фанар.

-Разгледувајќи ги импликациите од војната во Украина врз православната геополитика, Емил Бјорн Хилтон Сагау, истражувачки соработник на Универзитетот во Лунд, Шведска, за БИРН изјави дека можат да се повлечат одредени паралели меѓу Балтикот и Балканот, бидејќи „двата региона биле вовлечени во канонски конфликти“ по создавањето на нови национални држави по распадот на Советскиот Сојуз и Југославија, што, како што рече, било „централен фактор што ги поттикнувал црковните конфликти“.

Сепак, двата региона многу различно реагирале на војната во Украина. „Балтичките држави водеа политика на јасно разграничување кон руската држава и нејзината црква“, забележа Сагау. „Како последица, локалните Руско-православни цркви во Балтикот се соочија со силен политички притисок да ги прекинат сите врски со Москва.

„Ова не е случај во поголемиот дел од Балканот, каде што Српската православна црква, во изминатите две години, јасно стави до знаење дека нејзината хиерархија стои заедно со Русите, особено во однос на црковните прашања во Украина“, додаде тој.

Црква што се бори за опстанок

ЦПЦ се опишува како наследник на историската Црногорска православна црква, која била укината во 1920 година, и за која нејзините поддржувачи тврдат дека постоела како посебно, автокефално тело пред Црна Гора присилно да биде вклучена во унијата со Кралството Србија на крајот од Првата светска војна.

Поддржувачите на ова тврдење се повикуваат и на историски документи, вклучително и основачките документи на Црногорската православна црква, како што е нејзиниот устав од 1903 година, кој наведува дека Црквата е автокефална.

Тело со истото име беше основано во октомври 1993 година, кога Југославија започна да се распаѓа. Но, тоа сè уште не е признаено од ниту една од другите православни цркви. И се соочува со тешкотии, особено по изборите во 2020 година и промената на власта, како и по потпишувањето на „Основниот договор“ меѓу црногорската влада и Српската православна црква, со што се зацврсти доминацијата на Српската црква врз верскиот живот во Црна Гора.

Отцепената Црногорска црква во голема мера се потпираше на поранешната владејачка Демократска партија на социјалистите (ДПС) и на државната поддршка пред 2020 година, коментира Марко Вековиќ, вонреден професор по религија и политика на Универзитетот во Белград.

„ДПС ја поддржуваше и ја инструментализираше ЦПЦ за да се спротивстави на она што го гледаше како српско влијание преку Српската православна црква, особено во културата, традицијата, па дури и политиката, со што СПЦ ја направи фокусна точка на идентитетот во Црна Гора“, изјави тој за БИРН.

Тој додаде: „Поддршката од црногорската држава и од ДПС ѝ овозможи на ЦПЦ да ги прикрие своите две најголеми и најважни слабости – недостаток на свештенство и многу мал број верници.“

Прецизна проценка на бројот на припадници на ЦПЦ е невозможно да се добие, бидејќи не постојат официјални евиденции и темата е предмет на различни толкувања.

Црквата, исто така, претрпе штета од сериозен внатрешен спор околу нејзиниот лидер, што дополнително ја отежнува секоја ваква проценка. Божиќната прослава со бадник во 2024 година прерасна во тепачки меѓу поддржувачите на митрополитот Михаило (Дедеиќ), кој ја води Црквата од 1997 година, и митрополитот Борис (Бојовиќ), кој ја побара истата титула од септември 2023 година, дополнително разделувајќи ја и онака малата заедница на верници на две ривалски фракции, од кои секоја признава различен претендент за врвното раководство на црквата.

Митрополитот Борис за БИРН изјави дека стекнувањето автокефалност е процес и дека неговата Црква „ќе ја следи Мајката Црква, Вселенската патријаршија, во сè“.

Запрашан дали автокефалноста е актуелна цел на Црквата, тој одговори дека тоа не е само цел, туку „неопходност“, бидејќи „преку дејствијата на Српската црква, и од олтарите што нашите предци ги изградија, се спроведуваат асимилаторски и отворено непријателски дејствија против црногорската нација, црква и јазик.

„Ние сме должни силно да ги зајакнеме условите за промоција на нашиот [црногорски] духовен и црковен идентитет и посебност“, додаде тој.

Надежи поттикнати од украинскиот пример

Во меѓувреме, Вселенската патријаршија ги отфрли руските тврдења уште следниот ден по нивното објавување, нарекувајќи ги имагинативни сценарија и лажни вести. Таа соопшти дека навредите и фабрикуваните информации „не ја обесхрабруваат Вселенската патријаршија да продолжи со својата служба и екуменска мисија“.

Но, и покрај демантот на руските тврдења, митрополитот Борис најде охрабрување во соопштението, бидејќи, според него, текстот не ја исклучува директно можноста за идна автокефалност на Црногорската православна црква.

„Можеме да се потсетиме на изјавите на Вселенската патријаршија во врска со Украинската православна црква на Киевската патријаршија и Московската патријаршија, бидејќи и таму наративот се промени како што се развиваше ситуацијата за одобрување автокефалност“, изјави тој за БИРН, повикувајќи се на сè уште контроверзната одлука на Вселенската патријаршија да ѝ додели автокефалност на Украинската црква, што предизвика гнев кај Москва.

Целата анализа прочитајте ја ОВДЕ.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img