Стобискиот експикоп Јаков бил гостин на Митрополитот Дамаскин од Грчката православна црква.
Литургијата во градот Дидимотихо ја служел владиката Јаков во сослужение на Митрополитот на Дидимотихо, Орестиада и Суфли Дамаскин. Викарниот епископ Стобиски во Грција, бил на покана на владиката од ГПЦ. Сосолужувањето било во храмот посветен на Успението на Пресвета Богородица во градот Дидимотихо, Република Грција. Со двајцата владици сослужувале и вештеници и монаси од двете епархии.
-После Литургијата владиците присуствуваа на Божиќниот концерт организиран од Катихетската школа при Епархијата и на учесниците им поделија божиќни подароци, велат од епархијата.
