Бугарскиот патријарх доби руска награда за придонес во единството на црквата

Date:

Share post:

Бугарскиот патријарх Неофит е добитник на меѓународната награда за придонес кон единството на православните народи и зацврстување на христијанските вредности, што ја доделува меѓународниот фонд „Единство на православните народи“ од Москва.

Заедно со Бугарскиот патријарх, на 9 март оваа година во храмот, „Христос Спасителот“ во Москва оваа награда ќе му биде доделена и на српскиот претседател Томислав Николиќ и претседателот на Руската дума, Сергеј Наришкин.

Меѓу гостите кои што ќе присуствуваат се и поранешни лауреати, како Бугарскиот екс претседател, Ѓорги Прванов и екс премиерот на Бугарија Сименон Саксобурготски.

Посетата на Неофит на Русија ќе трае четири дена од 7 до 11 март.

Следниот ден по доделувањето на наградта, Неофит и Кирил ќе отслужат света литургија во Покровскиот манастир.

Предвидена е и официјална средба на Бугарскиот со Рускиот Патријарх.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img