Вселенскиот патријарх Вартоломеј и бугарскиот Патријарх Даниил остварија прва средба по изборот на Даниил на престолот на БПЦ. Наместо во Фанар, како што предвидуваат историските пракси, каде патува секој новоизбран поглавар на помесна православна црква, овој пат средбата се случи во Солун, каде двајцата учествуваа на големата меѓународна конференција.
Синодот на БПЦ, соопшти дека Даниил и Вартоломеј разговарале за вековните духовни врски меѓу Константинопол и православниот бугарски народ.
-Беа истакнати исклучително добрите односи меѓу БПЦ и Вселенската Константинополска патријаршија, како и други прашања од меѓуправославен карактер. Патријархот Даниил и патријархот Вартоломеј се обединија околу големото значење на богословското образование во совремната епоха, стои во соопштението на БПЦ.
Средбата траела повеќе од еден час и како што соопштува БПЦ поминала во средечност и братска љубов.

