Голем хуманитарен концерт на Европската епархија за настраданите во Кочани – Дијаспората од Европа на Духовден во Мајнц

Date:

Share post:

Македонската црковна општина Свети Никола во Мајнц, Германија организира голем хуманитарен фестивал, од кои сите приходи ќе бидат наменети за настраданите од Кочани, во соработка со организацијата „супорткочани“.

На 8 јуни 2025 година, во големата октобар фест хала во Мајнц, ќе настапат Каролина Гочева, КУД Свети Никола Мајнц, КУД Шара Тетово, Василија Петрова, Сања Здјелар, Група МИлениум, Тино и Атанас и Поточиња.

Фестивалот е организиран на празникот посветен на Слегувањето на Светиот Дух врз апостолите Духовден. Ќе има Света архиерејска литургија на која ќе чиноначалствува Митрополитот Европски г. Пимен, а на овој настан ќе биде одбележана и 10 годишниот јубилеј од осветувањето на црквата Свети Никола од Мајнц на кој ќе бидат дадени плакети и благодарници на сите заслужни луѓе кои имаат помогнато во изградбата на храмот.

Осветувањето е извршено на 06.06.2015 од страна на Неговото Блаженство Архиепископот г.г Стефан во сослужение со Митрополитот Европски г. Пимен и Митрополитот Струмички г. Наум.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img