Третиот ден од работата на сеправославната подготвителна конференција на поглаварите на автокефалните цркви помина во знак на величествената боќествена литургија што ја служеше Вселенскиот патријарх, а сослужуваа останатите присутни поглавари во Шамбези, Женева.
Литургијата била служена во патријаршиската црква „Апостол Павле“ во седиштето на Вселенската патријаршија во Женева.
Покрај Вселенскиот патријарх, Вартоломеј, на сосолужување биле александрискиот Теодор, ерусалимскиот Теофил, московскиот Кирил, романскиот Данаил, Патријархот на Грузија, Илија, на Србија, бугарскиот Неофит, архиепископот на Кипар Хризостом, архиепископот на Албанија, Анастасиј, чешкиот и словачки Ростислав, архиепископот и митрополит на Германија Илија.
Погледенте ја галеријата на порталите „ромфеа“ и „амен“.

















