Антиисламизмот достигна димензија на колетивен масакр

Date:

Share post:

Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, по терористичкиот напад врз две џамии во Нов Зеланд, рече дека антиисламизмот во светот ја достигна димензијата на масивни масакри врз муслиманите, јавува Anadolu Agency (AA).

Во текот на една церемонија во Истамбул, Ердоган повторно го осуди терористичкиот напад, изјавувајќи дека тоа е еден планиран акт и не може да се именува како „импулсивно дејство”.

Непријателството против исламот, чиј раст се гледа од светот и дури се охрабрува, ја надмина линијата на индивидуалните вознемирувања и достигна димензија на масовни масакри”, истакна Ердоган.

„Го повикуваме светот, особено земјите од Западот, да превземат брзи мерки против овој опасен тренд кој што му се заканува на човештвото”, реке Ердоган.

„Пристапот кој што го застапува убиецот, кој што ја има наведено нашата земја како негова цел и мојата личност, јасно е дека забрзано започнал да презема контрола како рак во западните општества”, оцени претседателот Ердоган.

Ианку, потврдена е смрта на најмалку 49 лица откако вооружени напаѓачи пукаа во две џамии во градот Крајстчерч, објави полицијата на Нов Зеланд.

Четири лица, вклучувајќи и една жена, се уапсени по убиствата.

Според последниот попис во 2013 година, во Нов Зеланд, земја со приближно пет милиони жители, живеат околу 46 илјади муслимани, или околу еден процент од населението.

/A.A

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img