Верски календар: 20 јануари
КАТОЛИЧКА ЦРКВА/ Св. Себастијан.
Тој бил војник, но и заповедник на стражата на царот Диоклецијан, кој во првите години од своето владеење не ги прогонувал христијаните. Тоа придонело некои високи државни чиновници, да му се приклонат на христијанството. Во 298 година, под притисок на својот совладетел, Диоклецијан издал едикт според кој, христијаните морало да бидат исклучени од царската војска. Во 303 година, започнале најголемите и најкрвавите прогонства. Себастијан сметал дека, неговото христијанство е многу сериозно. Тој одел во затворите, ги тешел затворените христијани, а поради тоа обвинет од царот, бил осуден на смрт. Царските војници го врзале за едно дрво и го гаѓале со остри стрели.

