Исламот не ѝ припаѓа на Германија, порача новиот германски министер на МВР

Date:

Share post:

Новиот германски министер за внатрешни работи изјави дека верува оти исламот не ѝ припаѓа на Германија, што е спротивно на ставот на канцеларката Ангела Меркел, пренесе Би-би-си.

Хорст Сихофер постави низа имиграциски политики кога ја презеде својата нова улога во срцето на новата коалиција. Инаку, тој одамна е гласен критичар на политиката на бегалците на Меркел.

Неговите коментари се сметаат за обид за враќање на гласачите од екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија.

Во 2015 година, во услови на пораст на протестите против имиграцијата, Меркел истакна дека верува оти исламот бил дел од Германија повторувајќи ги зборовите на поранешниот претседател Кристијан Вулф.

/макфакс

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img