Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев денеска присуствуваше на божикната литургија во манастирот Свети Леонтиј во Водоча кај Струмица.
„Овој празник потсетува да се подготвиме, да направиме место во нашите срца, да го исполниме со радост и љубов, зашто радоста е темел на духовниот живот. Христос се роди“, напиша Заев на својот профил на Фејсбук.

