Синодот на Македонската Православна Црква го поддржа договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија, како добар модел за решавање на отоворените прашања.
Архиереите на МПЦ-ОА на денешната синодска седница оцениле дека ваквите договори можат да помогнат и во решавање на отворените црковни прашања.
-Во оваа јубилејна година за МПЦ – ОА, Владите на Република Македонија и Република Бугарија објавија акт за пријателство, добрососедство и соработка, чин во кој може да се препознае модел за решавање на отворените прашања од минатото со цел да се гради иднината меѓу братските соседни народи во рамките на евро-интеграциските процеси, стои во соопштението на САС на МПЦ-ОА.
Владиците на МПЦ оценуваат дека овој модел на решеавање на отворените прашања може да има конструктивна рефлекција во регионот.
-Ваквите договори, покрај регулирањето во општествената сфера, можат да помогнат и во решавањето на отворените црковни прашања и да остварат своја конструктивна рефлексија во градењето на релациите меѓу црковните структури во регионот. По полувековен опстој за автокефалниот статус на МПЦ – ОА, Синодот ја изразува својата надеж дека се ближи времето кога Сеправославната црковна полнота ќе ја препознае и прифати македонската црковна реалност, олицетворена во автокефалната МПЦ – ОА, пишува во соопштението од македонскиот Синод.
Инаку САС на МПЦ во пресрет на централната прослава „50 години од возобновувањето на автокефалноста на МПЦ – ОА“ која ќе се одржи на денот на Соборот на сите македонски свети, на 30 септември и 01 октомври 2017 година, во Охрид, упати торжествен проглас до народ, чесното свештенство и преподобното монаштво, да земат учество за заедничко славје и споделена радост за овој голем црковен Јубилеј – 50 години опстој за автокефален статус на МПЦ – ОА во семејството на помесните православни Цркви.


Пoдршкa зa oдлукaтa нa САС на МПЦ-ОА, кoнечнo свaтијa декa требa дa пoдaдaт рaкa нa тoј штo им пoдaвa рaкa.Зaслепени oд лaжнaтa нaдеж декa СПЦ ке не признaе, пеесет гoдини тaпкaме вo местo.Србите и пoкрaј се ги сметaвме зa брaќa a бугaрите зa непријaтели. Е сегa сите ќе ни бидaт брaќa, сегa ќе се вoдиме oд нaшите интереси и немa дa бидеме пaрa зa пoткусурувaње.Хрaбaр чекoр нa МПЦ OА, мнoгу бргу и сoслужувaње сo БПЦ.
Едно е да негуваат надеж за признавање на автокефалноста на Македонската Православна Црква, а наполно друго да агитираат во корист на политички договор понижувачки за историјата на македонскиот народ како возвратна услуга за тоа што ќе ги признаат. Така се однесуваат оние што не се автокефални, кои немаат внатрешен духовен интегритет, на кои честа од луѓето им е позначајна од Самата Вистина (единствената Која ослободува, според зборовите на Христос, Кој пак Самиот е Вистина).
Во однос на вистинитоста на вистината Царевото на Царот а Божјото на Бога,во случај кога се надминува национализмот за црквата,иако Црквата е не“`’оцеплив дел од државата и својот народ.