Исламската верска заедница в петок организира свечена Академија во чест на Новата Хицретска Година (1439).
Свечената Академија е со почеток од 19 часот во салата на Македонската Опера и балет. Ќе настапат меѓународни изведувачи и хор.
На оваа манифестација ќе биде доделена и златната награда “Муфтија Веби Дибра” како и дипломите на дипломираните студенти.

