Претставник од Австралиско – сиднејската епархија при МПЦ – ОА се сретна со Коптскиот поглавар, Тавадрос II

Date:

Share post:

На Австралискиот континент од неодамна во своја прва официјална работна посета се наоѓа 118-тиот Папа Александриски и Патријарх на цела Африка, на Светата Апостолска визија на свети Марко евангелистот, на Копската православна црква г. г. Тавадрос II од Александрија.

Тој благоволи во вторникот, на 12. 09. 2017  година во центарот на градот Мелбурн, во просториите на Теолошкиот Православен факултет „Свети Атанасиј Велики“ да организира свечен прием, на кој покрај големиот број на гости и преставници од Помесните православни цркви, на свечениот прием и вечера по претходна покана зеде учество и претставникот од Австралиско – сиднејската епархија, т.е. од Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, г. др. Ананија Ананиевски, заменик претседател на Македонската православна младина на Австралија  (MOYA), како и член на Епархискиот црковно-просветен совет, кој во текот на приемот успеал да се види со Папата и меѓу другото и накусо да поразговарат за нашата Црква. Папата ја прифатил поканата за соработка и за посета на нашата земја.

На средбата биле разменети и пригодни подароци. Така преставникот на МПЦ – ОА, од свое лично име како и од умето на МПЦ – ОА на почитуваниот Коптски поглавар му подарил икона од свети Григориј Назајанзин и книгата „Пустинските отци“. Иконата ќе биде изложена јавно во неговата канцеларија во Каиро.

Потоа следувало богослужение со сите свештеници на Коптската православна црква во Австралија во новата црква света Верина.

/австралиско-сиднејска епархија на МПЦ

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img