Дали резолуцијата за оградување од ставовите на Архимандритот Партениј, што до медиумите ја испратија членови на епархијата на МПЦ во Америка и Канада е и официјален епархиски став е прашањето кое отвора нови дилеми.
Откако Религија.мк, ја објави резолуцијата, голем број македонски верници од САД и Канада реагираа, посочувајќи дека оваа резолуција не е официјален став на епархијата на МПЦ-ОА за Америка и Канада, бидејќи со нејзе не се согласува раководството на епархијата.
Тие посочуваат дека и затоа на тој документ за резолуцијата го нема потписот на надлежниот владика, г. Методиј, ниту пак печатот на Епархијата, а нема ниту делводнички борј под која е заведена во епархиската архива.
Верници од Америка и Канада велат дека епархиското собрание и црковно народниот собор бил одржан на 2 септември во Торонто и на него присуствувал надлежниот Митрополит, но дела за оваа форма за резолуцијата немало согласност од раководството на епархијата.
Официјален став засега од Американско-канадската епархија на МПЦ-ОА нема, ниту пак од Синодот на МПЦ.
Единствено, повардарскиот Митрополит. Г Агатангел ја објави оваа резолуција на епархискиот сајт на Повардарската Епархија и испрати благодарност за нејзе.

