Македонците во Сиднеј ќе го слават јубилејот на автокефална МПЦ

Date:

Share post:

Австралиско-сиднејската епархија при Македонската православна црква-Охридска Архиепископија ја подготвува јубилејната прослава на 50 години од возобновувањето на автокефалноста на Охриската Архиепископија во лицето на МПЦ-ОА и денот на независноста на Република Македонија, која ќе се одржи на 8 и 9 септеври 2017 година во Сиднеј.

Според подготвената програма, на 8 септември (петок) 2017 година со почеток во 19 и 30 часот ќе се одржи Свечена академија со банкет, каде ќе настапува Македонскиот културен центар „Илинден“. На 9 септември (сабота) 2017 година во 9 часот ќе се одржи Света божествена Златоустова литургија во храмот „Света Петка“ во Рокдејл, Сиднеј.

Целиот настан е со благослов на Митрополитот дебарско-кичевски и администратор австралиско-сиднејски г. Тимотеј.

 

 

 

Одбор за организација на прославата по повод големиот јубилеј:

Игумен Гаврил (Галев)

Љупчо Стефановски – тел: 0448 963 805

Јоте Цандовски – тел: 0419 924 838

Ананија Ананиевски – тел: 0422 411 139

Петар Котевиќ – тел: 0416 216 818

1 COMMENT

  1. Секoјa чест oче Гaвриле, неумoрнo рaвoтиш уште oд првиoт ден кoгa дoјде вo Австрaлијa и пoкрaј мнoгуте искушенијa.
    ” Тогаш ќе светне како зората твојата светлина и твоето здравје ќе процвета бргу. Твојата правда ќе оди пред тебе, а Господовата слава ќе ти биде заштитница”

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img