Терористите му се закануваат на Ватикан

Date:

Share post:

Шефот на швајцарската гарда, Кристоф Граф, изјави дека елитниот корпус кој ги штити папата и Ватикан е подготвен да се спротивстави на  каков било терористички напад, по најновите закани што ги упати Исламска држава на Ватикан.

Според Граф, прашање на време е кога ќе се случат слични напади во Рим додавајќи дека швајцарската гарда е подготвена да се спротивстави.Официјални лица стравуваат дека Ватикан е потенцијална цел на терористите, поради што безбедноста во градот е подигната на највисоко ниво од Светата година на милосрдноста, која привлекува голем број католици ширум светот.

Главната улица што води до плоштадот Свети Петар е затворена за сообраќај и во околината има голем број  униформирани лица.

/Макфакс

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img