На 25 април во соборниот храм Свети Климент Охридски беше отворена изложба на икони од современи романски иконописци од Факултетот за црковна уметност при Букурешкиот православен богословски факултет „Патријарх Јустинијан“.
На отворањето свечени говори одржаа Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, деканот на Богословскиот факултет „Свети Климент Охридски“, д-р Ѓоко Ѓорѓевски, и ректорот на Букурешкиот православен богословски факултет, протопрезвитер д-р Стефан Бучиу.
На изложбата која беше збогатена со учеството на црковниот хор „Света Злата Мегленска“. присуствуваше и Митрополитот преспанско-пелагониски г. Петар, како и голем број на свештеници, теолози и студенти.
/СПЕ
/видео: премин портал














