Патријархот Илија проговори за обидот за труење

Date:

Share post:

Грузискиот Патријарх Илија II, кој сѐ уште се наоѓа во болница во Берлин проговори за апсењето на свештеникот, за кој грузиските власти тврдат дека се обидел да го отрује Патријархот со цијанит.

ilija gr– Сакам да ја прокоментирам и таа чудна и ненормална ситуација, која се однесува на отец Георгиј Мамаладзе. Го познавам долго време и од него не сум видел, ниту сум чул нешто друго, освен добро. За три дена ќе се вратам во Тбилиси и се надевам дека сѐ ќе се смири и разјасни, нештата ќе се нормализираат. Нашата Црква, држава и грузискиот народ отсекогаш биле соединети, како целосен организам – така ќе биде и во иднина“, изјави Патријархот Илија.

Интересно е што оваа изјава на Патријархот не беше пренесена на националните медиуми во Грузија, туку само преку епархискиот сајт, што укажува на острата конфронтација во Грузија.

Патријархот Илија ќе се врати во Грузија на 20 февруари.

Инаку, тој вели дека се чувствува добро и закрепнување по операцијата којашто му беше извршена.

-Болката и радоста одат заедно како близнаци. Кога човек се радува, треба да очекува и болка. ’О, болко, ти се почеток на радоста! И о, радост, ти си почеток на болката‘… Тоа е источна мудрост. За жал, ми беше наложено да заминам во Германија за да бидам опериран. Операцијата заврши добро, резултатите се добри и лекарите наскоро ќе ги соопштат, вели Патријархот на Грузија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img