Заврши реставрацијата на црквата „Св. Ѓорѓи“ во Младо Нагоричане

Date:

Share post:

Завршен е проектот за непосредна заштита, конзервација и реставрација на архитектурата на црквата „Св. Ѓорѓи Победоносец“ во село Младо Нагоричане во општина Старо Нагоричане, која датира од 16 век. Ова го заклучија министерката за култура Елизабета Канческа­ Милевска, заедно со претставници на Управата за заштита на културното наследство, стручната екипа од Националниот конзерваторски центар и претставници од кумановскиот музеј кои вчера извршија увид во црквата.

Crkva 1
Канческа-Милевска изјави дека проектот за непосредната заштита, конзервација и реставрација на архитектурата на оваа црква која претходно била во фаза на рушење, е целосно завршен. ­

– На овој проект се работеше долги години. Во изминатиот период и денеска имаме можност да го видиме целосно завршен овој проект кој опфаќа неколку фази кога станува збор за непосредна заштита, конзервација и реставрација на архитектурата на црквата. Тука станува збор за конструктивна консолидација на самата црква. Нешто коешто сакам да го истакнам како значајно, а тоа е враќање на првобитниот сјај на архитектурата на црквата, со конструктивно зајакнување, целосно препокривање на самата црква, дренажаен систем околу црквата, партерно уредување, потпорен ѕид, значи сето она што е неопходно за да се врати првобитниот изглед на овој вреден споменик на културата, рече Канческа­-Милевска.

Crkva 2Потенцира дека кога станува збор за непосредна заштита на вакви објекти, фазите треба многу стручно да се работат со цел да нема никакво нарушување и да се врати автентичноста која, како што рече, е особено значајна и може да се види на споменикот на културата.

– Издвоени се шест милиони денари, средства за самата конзервација и реставрација на архитектурата. Нешто што е значајно е продолжување на втората фаза, а тоа е конзервација на фрескоживописот, рече министерката.

Таа потсети дека се истражувале над 60 арехеолошки локалитети каде што биле откриени над 800 илјади вредни артефатки кои што се конзервирани и промовирани пред македонската и светската јавност. Овие бројки, посочи, говорат за нашата голема доследност и почитување на културното наследство. ­ Ние и оваа година продолжуваме со таа обнова, заштита, конзервација и реставрација на сите профани и сакрилни објекти, продолжуваме со истражување на археолошките локалитети, со оној проект кој што спомнав за обнова на фасадите во старите градски јадра и со сето она што е приоритет во делот на самите институции, заводи и музеи, додаде министерката.

Crkva 3Ѓурѓица Лековска од Националниот конзерваторски центар изјави дека црквата била во исклучително лоша состојба, особено кровот кој прокиснувал и водата која што навлегувала го раздробувала каменот и внатрешноста на црквата. ­

– Работено е на препокривање со нови ќерамиди, поставување на лимени опшивки за да се заштити водата, повторно да не ги најадува и нагризува убавите блокови, работено е на фасадата кај прозорците… работена е дренажата на северната страна на црквата, потпорниот ѕид, платото и конзервација на масивните дрвени оргинални врати, изјави Лековска.

Crkva 4
Проф. д-р Предраг Гавриловиќ рече дека биле користени современи методи, направена е минимална интервенција, создадени се услови да се направи наредна фаза, тоа е фрескоживопис, што, според него, е највредно во овој дел. ­

– Исто така и состојбата со фреските од фрескоживописот беше катастрофална, целосно беа прекриени. Паралелно со конструктивна консолидација работевме на заштита да не се оштетат и сега претстои оваа завршна фаза. Во секој случај претставува еден добар пример на заштита на културно наследство, вклучувајќи ја и онаа трајна заштита од земјотреси, извршена санација итн., додаде Гавриловиќ.

1 COMMENT

  1. Nema nikakvi podatoci koga i koj ja gradel crkvata. Samo se naveduva vekot na gradbata, i se dobiva vpecatok deka padnala od neboto ili pak deka sama preku noc niknala crkvata. Toa ne e slucajot samo so ova crkva tuku so mnogu drugi. Se premolcuvaat najvaznite podatoci za sekoj sakralen objekt vo Makedonija, za da ne bi se otkril praviot ktitor, graditel i donator. Nikoj ne saka da kaze zosto toa se pravi , no ne e tesko da se pretpostavi dojde do pravite podatoci. No se znae deka samo pravite podatoci se premolcuvaat .

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img