Хрватските Евреи ја бојкотирале церемонијата за спомен на Холокаустот

Date:

Share post:

Хрватската еврејска заедница ја бојоктирала официјалната церемонија за Холокаустот со образложение дека конзервативната Влада не прави доволно за спречување на пронацистичките пројави во Хрватска.

Лидерот на Хрватската еврејска заедница Огнен Краус изјави дека одлуката за бојкот била донесена откако властите не ја отстраниле спомен плочата од концентрациониот логор во Јасеновац. На спомен плочата е поздравот на усташите „За дом спремни“ (за Дом подготвени).

Во Јасеновац од 1941 до 1945 година убиени се десетици илјади Евреи, Срби, Роми и Хрвати антифашисти.

Усташкиот поздрав беше напишан на спомен плочата во Јасеновац во спомен на хрватските борци кои загинаа во војната за независност во 90-тите години од минатиот век.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјавил дека тоа прашање е деликатно.

Државна делегација вчера положила венец на еврејските гробишта во Загреб.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img