Џамијата „Чамлиџа“, најголема во модерната историја на Турција

Date:

Share post:

Се приведуваат кон крај градежните активности на џамијата „Чамлиџа“ во Истанбул, најголемата џамија во модерна Турција, а екипата на Anadolu Agency (AA) ја снимаше истанбулската убавица од воздух.

Џамијата „Чамлиџа“ се наоѓа во истанбулската населба Ускудар, а нејзиниот камен-темелник пред повеќе од три години го постави претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган.

Џамијата ги прими првите верници во месецот на постот (Рамазан), на 1 јули оваа година, поточно во ноќта Лејлетул-кадр, најважната ноќ во исламскиот календар. Терави намазот таа ноќ во џамијата „Чамлиџа“ го обавија неколку илјадници верници.

Екипата на АА ја снимаше џамијата од воздух, од каде што се протега преубавиот поглед на градот Истанбул.

Џамијата „Чамлиџа“ има капацитет од 37.500 верници, а вкупно зафаќа површина од 30.000 квадратни метри. Има платформа од која посетителите можат да ги следат молитвите, галерија на исламската уметност, музеј и библиотека. Архитект на џамијата е Хаџи Мехмет Ѓунѓор.

Со оглед на тоа што се наоѓа на еден од ридовите на градот Истанбул, џамијата „Чамлиџа“ е можно да се види од секој дел од градот. Џамијата има шест минариња, а заради полесен приод ќе биде изграден и тунел долг три километри.

/A.A

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img