Свечена академија за Мајка Тереза

Date:

Share post:

Во рамки на Татковинската прослава „Денови на Св. Мајка Тереза“ која се одржува по повод прогласувањето  на Мајка Тереза за Светица денеска во МАНУ ќе биде одржана Свечена академија.

ManuНа Свечената академија најавени се обраќања на Таки Фити, претседател на МАНУ, Елизабета Канческа-Милевска, министер за култура и  Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх.

На Академијата ќе настапат и студенти од Факултетот за музичка уметност во Скопје.

Вечер во катедралата „Свето Срце Исусово“ ќе се одржи света миса, а во Музејот на Град Скопје ќе биде отворена изложба и прикажани филмови во организација на Сестрите Мисионерки на Љубовта.

Татковинската прослава „Денови на св. Мајка Тереза“ се одржуваат од 5 до 11 септември.

/МИА

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img